нормален (прид.) - состојба (имн.)

Самите противречности како нормална состојба на општествениот организам се задушени со „јаката држава” и со Маргина 36 29 опојната (и отровна) амблематика на националниот химеричен копнеж.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се чувствувам како целиот да сум во модрици.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Една работа кога зборуваме за повременото уживање на хероин, е тоа дека сега кога сум постар ми требаат два дена за целосно да се повратам во нормална состојба.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Бев во шок.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми се уплаши да не сум се мрднала, почна да ме смирува, да ми се извинува што не успеала да најде погоден начин да ми ја соопшти новоста, ме прегрнуваше и ме бакнуваше, ме тресеше да се соземам и да се вратам во нормална состојба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Има луѓе како мене, и други можеби позрели луѓе, кои Екстази го користат за да си го подобрат својот секојдневен живот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие нештата што може да ги користат ги гледаат во нивната нормална состојба.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од сосема нормална состојба речиси неусетно прејдов во онаа другата: бев свесен; моите мисли и чувства беа во склад со таа свест и тој преод беше лесен и јасен.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Наспроти сите притаени сопирања од страна на Татко да појде во родната земја, Мајка беше решена да се најде и на жртвеникот на враќањето, небаре сакајќи, со самото минување на границата, да ја обезличи, да нѐ ослободи од нејзиното митско присуство во нашите животи, да го наложи чинот на враќањето како нормална состојба, како и за сите други луѓе на земјата, како нејзин реванш над балканската историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)