Ниту во едниот ниту во другиот случај не се работи за прашање на секс; во обата случаја се работи за прашање на културни норми.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-луѓето денес честопати учествуваат во хетеронормативноста токму во таа смисла – било затоа што многу сакаат, било затоа што се под притисок да се сообразат со единствениот модел на достоинствена човечка интимност кој го крепи хетеронормативноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто она што го подразбира хетеронормативноста не е само нормативноста на некоја конкретна сексуална практика туку и нагледноста и очигледноста на стилот на општественото постоење што со себе носи неприкосновена престижност и нормативна моќ.
Хетеронормативноста го претставува повластувањето на нормативниот хоризонт на очекувања за човечки процут.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Исто како што можеш да учествуваш во геј-културата без да бидеш хомосексуалец, така можеш да учествуваш во хетеронормативноста без да бидеш стрејт.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа нуди естетика на општествено суштествување кое се приврзува за обликот на еден прав живот и му дава убавина и вредност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)