ноќен (прид.) - студ (имн.)

Задлабочен во мислите, не ни видел кога снегот престанал да паѓа, а месечината испливала однекаде меѓу гранките – полна и бледа од ноќниот студ, како неонска топка, таа висеше ниско над неговата глава.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сите шумови околу него се беа смириле, па дури и потпукнувањето на стеблата од студот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Опасно ќе биде за него и за стоката, ако малку разјужи или сонцето го смекне горниот слој на снегот, а ноќниот студ го стегне и направи цврста кора.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И како што мораше да продолжи да чекори за телото да му остане будно во ноќниот студ така мораше да продолжи и да мисли, за свеста да му остане доволно силна за и понатаму да му го придвижува чекорот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)