„Пред вратата на Отоманската банка - пишува италијанскиот генерален конзул во Солун Ди Ревел - застана една кола, од која слегоа многу луѓе придружени од други и, симулирајќи дека се расправаат меѓу себе, го убија стражарот и двајца ноќни чувари.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
- Оф, проклето брашно, - воздивна гласно и се помести, зашто во тој миг спроти него полека доаѓаше ноќниот чувар.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Работеше како ноќен чувар во една од малкуте фабрики во градот, беше бедно платен и како голем дел од неговите врсници живееше од пензијата на неговите родители.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Тогаш ноќниот чувар (децата стражареа само дење), Гркот од Епир, кој од старо време живееше во Албанија, ни рече дека Маријанти спиела со Албанецот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Па, да почнеме по ред: - Американска актерка, во триесетите години на минатиот век, рекла: „Кризата е толку голема, па за својата работа сигурни се само ноќните чувари“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
И кога се слушна дека таа се фати со Албанецот кого го викавме Форца Кароца (веста ја пушти ноќниот чувар, Грк од Епир), ние најмногу викавме да си оди, извикувајќи под нејзиниот прозорец најпогрдни зборови.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)