Таа се грчеше и искинато липаше со зафрлена глава, тој мислеше со ’рбетот дека ’рбетот ќе му прсне, и мислеше со мускулите дека мускулите ќе почнат да се кинат на танки кончиња, па после стана клопче без `рбет и мускули, без небо и корен, стана огнен здив и крцкот (Јано Јано Јано) како што беше и таа крцкот нејасен и искинат сладок бол.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Почувствува дека зад собата ракетата се извишува над пустинското тло, со подвиените огнени крилја, со притулениот огнен здив, чекајќи да проговори во името на три милијарди луѓе.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Денес се тресе, денес се руши Врандук горскиот див; тунел се копа в камено срце, - грми огнен здив!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)