Трето, во 2008 година дојде до сериозно намалување на правата на работниците преку усвојувањето на одредбата 101 со која неплатеното отсуство (и тоа на ограничен период до 30 дена во текот на една календарска година) повеќе не се смета во стаж на осигурување (чл. 8, ЗИДЗПИО/24.дек.08).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
ж) договор за вработување за вршење работи во странство, но само за ограничен период (чл. 249, ЗРО/05) – каде што, паралелно, се применуваат и странските прописи согласно меѓународното приватно право; з) посебен договор поради вршење работи кои се надвор од дејноста на работодавачот, а кои имаат за предмет самостојна изработка или поправка на одредени ствари (пр. машини); потоа, самостојно извршување на определена физичка или интелектуална работа (пр. културно-уметнички работи и сл.) – чл. 252, ЗРО/05.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Обезбедување потреба од работник а) Со измените од февруари 2013 година, кон чл. 22, кој го регулира начинот на обезбедување на потребата од работник, беше додаден нов став кој пропиша дека за сезонска работа може да се заснова работен однос и без јавно огласување, но на ограничен период од 90 дена, со посредување на службата надлежна за посредување при вработување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)