огромен (прид.) - болка (имн.)

Правев сè што ќе ми речеше, огромни болки чувствував во главата, вртоглавица ме обземаше кога станував, но го правев тоа за да не му го расипам тоа негово соживување во тоа,таа негова радост што му ја гледав...“
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Знам дека нанесов огромна болка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Овојпат ми беше уште потешко да ги закопчам панталоните: при напорот да ги приближам копчето и дупчето во кое тоа требаше да влезе, чувствував огромна болка во стомакот, па така си ги покрив панталоните со маицата и недозапетлан, излегов надвор.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Тетка ти Олга минатата година веќе по втор пат е прогласувана за жена со најчиста куќа во градот како учесничка на големиот градски натпревар по чистота.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Животот е преполн со таги, пожртвуваност, загуби, но постојат силни луѓе кои никогаш не се обѕирнуваат на опасноста, можеби се прогонети но и покрај огромната болка достоинството сѐ уште им е неоштетено.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)