Комитетот можеше да работи и од името и во полза на еден огромен дел од Македонците, т.е. од најсилната народност.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Дека изборот за човештвото лежи меѓу слободата и среќата и дека, за огромниот дел од човештвото, среќата е подобра.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Огромни делови од тој живот, дури и за еден член на Партијата, беа неутрални и неполитички, беа прашање на какво-такво извршување на мачни работи, на борба за место во подземната железница, на крпење истенчена чорапа, на измолување една таблетка сахарин, на зачувување догорче.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Жари се појавува во огромниот дел од текстовите за Дишан, во кои одвреме-навреме критичарите изнаоѓаат паралели во размислувањата на овие двајца автори.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Ги сметав за богови; нивните соло партии ги свиркав со устата воодушевувајќи ѝ се на инспирацијата што ги создала; но кога научив да свирам саксофон, кога технологијата на свирење (на дишење и работа со прсти) веќе сосема беше совладана, таа магична аура околу нивните солоделници сосема исчезна: јас видов дека таа совршеност во огромен дел се должела на техниката на свирењето и дека некаде, токму техничкиот потег на прстите, уиграната техника на дишење (неможноста да вдишеш двапати по ред без да издишеш) била таа што решавала цели пасажи од мелодиските линии.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Од ова се гледа дека огромниот дел од буџетот се трошел за армијата и за плаќањето на долговите - 14.239.000 од вкупно 19.796.000 лири.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Но, во многу земји огромен дел од популацијата ќе биде потполно вон случувањата во оваа сфера.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Од прозорецот на мојата хотелска соба набљудував 20 Јапонци, како растовараат огромни делови од искршени камиони.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Во тие времиња на културен колапс и социјален хаос, Кит ја презема традиционалната улога на перформативен филозоф - хуманизирајќи, популаризирајќи, персонализирајќи, илустрирајќи огромен дел од паганските достигнувања на нашиот вид.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)