огромен (прид.) - значење (имн.)

Производството и дистрибуцијата на евтини комуникациски алатки и софтвер ќе биде од огромно значење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Токму како што САД и СССР го контролираа светот минатите четириесет години дистрибуирајќи оружје во секоја услужна диктаторска земја, сега Јапонските и компаниите од Силиконската долина го ослободуваат светот со бескраен прилив на електронски алатки дизајнирани за индивидуална употреба.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Други му велеа да не се откажува, зашто тој потфат има огромно значење.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
1 Работејќи во последните три години на проектот „Британската управа за специјални операции (СОЕ) - Британските воени мисии во Македонија 1942-1945“ при истражувањата во Public Record Office и Liddel Hart Centre for Military Archives King`s College London дојдовме до британски документи кои се од огромно значење и интерес за нашиот проект.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
На банкетот со акламација била прифатена дадената иницијатива за свикување конгрес на кој ќе се изврши обединувањето на Американците од словенско потекло.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Присуството на банкетот на претставниците на сите словенски организации, за првпат од нивното доселување во Америка и со една единствена цел, да најдат заеднички јазик за да им помогнат на своите словенски браќа во татковината кои се бореле против фашистичките агресори, имало огромно значење.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Евтините апликации им овозможуваат на поединците да пишуваат на своите екрани исто како што Гутенберговиот хардвер-софтвер им овозможи да пишуваат пред петстотини години.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Меѓутоа, огромното значење на Хегел не е во неговите филозофски теории како такви, туку единствено во откривањето на постојаното и незадржливо движење што владее во природата и општеството.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)