А кога ќе ги растегнеш, нагоре или од страните, човечињата стануваа уште посмешни: со огромни носеви, долги точаци, растечени очи и подуени усти.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Во мракот, пред затворените очи, ми излегуваа немилите лица на професорите - дибек со црно палто и црн квадрат по остриот нос, безначајна нула со златно синџирче преку елекот, полуостров што прилега на чизма, потоа огромен нос, што дува во белите дланки.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)