Ама изворот никој не го видел, зашто изворот бил заробен и го чувал еден огромен џин.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Така сета планина и планините наоколу биле полни со такви езерца.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
И бев речиси сигурен дека тој момент ќе биде означен со силен блесок и јас со љубопитство очекував молскавицата да го објави тој момент.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тој гајтан од чад вистински личеше на појас од огромен џин и имав впечаток дека наближува моментот кога ќе се завитка околу вратот на забрзаниот облак.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)