Потоа се затвораат рестораните сѐ до вечерата, која исто така се дава во одредено време.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
За одредно време за мерките кои веќе се набележани, нема да се допушти ограничување на консумацијата на водата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во него влегуваа нашите клиентки во одредено време од денот и соработниците на службата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Осумнаесетото лето откако почна животот, Иван, функционираше како прецизен механизам на часовник, се во одредено време: фудбал, стихови на класици, француска граматика, одмор. Беше и амбиција и умереност.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Не фолираше во тоа одредено време на месечевото движење и раѓањето на невидливите призраци и страшила во тие летни, запарни ноќи, кога неговото далечно детство со глувчешки скокови го прерипуваше подот на скоро празната соба заградена со жици на нејасен страв, тој недозволен грев роден од сенките и мрзнењето на светлоста.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во секој случај, како војниче дисциплинирано и мобилизирано пред да го регрутираат, Баге се нацрта - одредениот ден, на одреденото место и во одредено време.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Другарчињата беа добри, креветчињата беа меки, но што вреди сето тоа кога мораше во одредено време да се станува, да се јаде и да се спие!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
- Јагулите се вртеа во круг. Не стигнуваа во одреденото време во слатките води, во реките и езерата, за да ја продолжат праисконската мисија на животот и смртта. Ниту се враќаа јагулите кон морињата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Наутро мора да станува порано и во одредено време, па мора да се мие, па мора да се облекува.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)