Што беше уште почудно, Дуковци сееја и просо, чие семе одамна кај други веќе беше изгубено, па во одредени денови, на празници, жените месеа просеник, леб од просо, необично вкусен и пожелен за оној што го јадел како дете.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во секој случај, како војниче дисциплинирано и мобилизирано пред да го регрутираат, Баге се нацрта - одредениот ден, на одреденото место и во одредено време.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Овде, градоначалникот ти пружа шанса, у текот на неколку саата, у одреден ден од неделата, да го изнесеш ѓубрето на одредено ќуше од својот двор.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)