Стоев со часови крај Мајка. Таа, во одредени интервали, заспиваше и се будеше.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Никој не можеше да те боцне толку прецизно во вена и убаво да ти ја дозира инфузијата како Нино, ја темпираше така што капка по капка течеше во одредени интервали и се слеваше директно во твоите вени.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
После многу кусо време настапуваше затишје за да пак продолжи со хрчењето, како да беше истемпиран да тоа го прави во одредени интервали.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
9. Навлези во текот на времето – внимавај на сигналот што се јавува во одредени интервали, на симетриите и повторувањата, конекторите што го врзуваат крајот на претходниот со почетокот на новиот чин.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Низ прозорецот можевме да го забележиме едниот од петте стражари чија силуета на сртот од благата височинка личеше на стрелка која се движи според строго одреден интервал, навестувајќи го скорешното паѓање на мракот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)