Страотниот стратешки предизвик ништо не гарантира однапред, дури ни пресметката (везден нужно спекулативна) дека контрадикторниот предизвик уште и би можел да ја влоши состојбата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Продадениот интелект гази на сопствената чест и совест поради одреден интерес.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Друг пример: неоткажување од идејата за меѓународно право, од нејзиниот несомнен напредок поентиран во институциите; одново да ја потврдиме таа величествена идеја на продуктивен начин што го респектира континуитетот, а едновремено да не престанеме да ги анализираме и критикуваме (не само теориски туку и практично) сите премиси што ја поттикнале одредената организација на тоа меѓународно право, можната мистификација на неговите референци, неговата преобразба во корист на одредени интереси, дури, како што споменав предмалку, треба да се деконструираат (исто така, следејќи еден начин, но веднаш, не чекајќи друг начин) терминолошките и историски граници на тие институции на меѓународното право, секако, зборувам за ОУН и за Советот за безбедност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)