Во периодот на просветителството, кај Кант или кај Маркс, но исто така и во значењето на вреднувањето (на естетското или литературното) критиката претпоставува суд, доброволна одлука или избор меѓу два поими, а на поимите krinein, krisis таа им придодава одреден негативитет.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Поентата не е да се избегнува политиката на класата, на расата и на нацијата или да се помрачат особените начини на кои тие варијабли може да ја одредат општествената конструкција на хомосексуалноста или на геј-субјективитетот во одредени контексти.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во секогаш мошне одредени контексти, тоа е еден од можните називи всушност со метонимија да се означи она што се случува или што не успева да се случи, имено некој вид преместување кое непрекинато се повторува - и на дело секаде нешто е, повеќе отколку ништо (не) е; во она што класично се нарекува текстови од класична филозофија, се разбира и пооделно, но исто така и во секој “текст” во една општа смисла што се обидувам да ја одредам со тој збор, имено, во искуството, во општествената, стопанска, технолошка, војна “стварност” итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)