25 Границите не служат само за разграничување помеѓу „пријатели“ и „непријатели“, помеѓу „граѓани“ кои имаат одредени права и обврски и „странци“, туку тие исто така го сочинуваат она што е блиско и прифатливо за заедницата, како спротивно на она што заедницата сака да го негира, стигматизира и депортира, да го отфрли од своето тело.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Впрочем, мене и вам не ни значи ништо тоа што Уставот на нашата држава, само на хартија, ни гарантира одредено право, ако тоа [виртуелно и фиктивно] право ние не можеме и практично да си го заштитиме пред суд – затоа што, на пример, судијата не го зема предметот во работа бидејќи немаме пари да ги платиме скапите судски такси, како и лукавиот противнички адвокат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Всушност, зацементирањето на губењето на одредено право се случува токму на таков начин што неуживањето на одредено право, преку усвојувањето на соодветна законска регулатива, престанува да биде кршење и станува намалување на правата.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Покрај тоа, при постојното темпо на секое-годишно намалување на работничките права, ваквите брошури и прирачници доста брзо стануваат застарени и неупотребливи за работниците, кои повеќе не можат да се повикуваат на одредено право, бидејќи тоа право во меѓувреме законски престанале да го уживаат.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
На тој начин, оневозможеноста работникот да остварува одредено право се трансформира од кршењето на законските одредби во постапување согласно законот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Нормално одреден број на стопанственици сметаат дека одредени права се многу високи и дека треба драстично кратење.“
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)