Меѓутоа, она што укажува на аномалија кај нас е фактот што количините на фелерични производи достигнуваат до 30%, па дури и повеќе, од вкупното производство на одредени претпријатија кои беа или уште се во фаза на трансформација.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Но, како ова да не беше доволно, па пет години подоцна – со носењето на новиот ЗРО (2005), беше избришана и оваа последна превентивна одредба која, колку-толку, ги ублажуваше последиците за засегнатите работници, особено на оние кои многу долги години, на пример и над три децении, работеле во одредено претпријатие.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)