Висината на судските трошоци во ниеден момент не ја поколебаа Костадиновска овој спор да го реши по судски пат – би- дејќи, откако ги исцрпи сите други начини, тоа и беше единстве- ниот начин таа да ги оствари своите легитимни побарувања.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Трошоците во судската постапка – која, и пред првостепениот и пред второстепениот суд, траеше околу десет месеци, изнесуваа 42.486 МКД т.е. околу 670 ЕУР (вкупно за сите тројца тужители), а работодавачот се стекна со обврска да го надомести плус и овој износ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Примерот на Костадиновска јасно покажува како може да биде пружан континуиран и систематски отпор на своеволието на одредени работодавци – во однос на исплаќањето на платите, придонесите и испратнините, под услов работниците да покажат волја, храброст и упорност во остварувањето на, со закон, загарантираните работнички права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)