одреден (прид.) - стратегија (имн.)

Тие стандардни, стрејт-начини на доживување на светот подразбираат начини на чувствување, како и начини на реагирање на културните објекти и активности што се веќе кодирани за родот и за сексуалноста, начини на сопствено ориентирање во однос на сите констелации на меѓусебно поврзаните вредности што се одговорни за обојување на лицата, на однесувањата и на жанровите на дискурсот со густите општествени значења кои ги носат, значења што исто така се однесуваат – без разлика колку благо – на родот и на сексуалноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј- (или протогеј-) субјектите може и тоа како да ги доживуваат тие стилови на изразување, заедно со целиот конвенционален општествено-семиотски систем на родот и на сексуалноста што ги прожилува, како неконвенционални, ако не и начисто туѓи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во тој случај, може да заземат одредени стратегии на избегнување кои ќе им овозможат да ги избегнат општествените повици да го доживуваат светот на хетеросексуални и на хетеронормативни начини.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во такви околности, не е некакво изненадување што многумина геј- (или протогеј-) субјекти им се опираат на приговорите од традиционалните кодови на мажественоста и женственоста или што гледаат штуро значење за себе во културните облици и активности кои таквите кодови ги обојуваат како традиционално мажествени или женствени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со текот на времето организмите „учат“ да ги поврзуваат белезите со одредени стратегии.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)