Ним им се случи та, да не можат да си дадат ответ пред жителите од околните населби кога за непрокопсаноста на Благуна ги прекоруваа: тие кои највисоко го вееја знамето против сите завојувачи, неми остануваа во таквите незаслужени напади.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А во тоа, во неспоменувањето на Благуна и на целата таа историја во врска со неа, жителите на Потковицата свесно и намерно ја сокриваат и својата вина, во себеси и пред себеси признаваа дека и нејзе и на сиот сој Јанчески им нанесоа голема неправда.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Митра беше најпрва убавица во Потковицата и околните населби, гордост на сиот сој Ризески и посебно на татка си Анѓелета, а овој Алексо, може не по своја вина, имаше искршкан живот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во време на аграрната реформа, во 1924-та, што ја спроведоа Србите по повторното завладување на Потковицата, на чифлигот Јаузоски и на сета најубава земја населија четворица Срби, солунци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Порано, пред да се појави гласот, поради една околност, жителите на Потковицата и жителите на сите околни населби и чифлизи, и самите власти, веруваа дека злосторот на Акиноските го извршил еден нивни, еден Акиноски.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)