Нема сомнение дека тука нема да биде така лесно окупационите власти да се ориентираат.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Италијанската триколора се развеа над јонските острови, од Крф, Кефалонија, древната Одисеева Итака, сѐ до Закинтос или „Илѐеса”, „шумовитиот остров” како што го именувал Хомер, тој Фиор ди Леванте како што, делум и поради богатата вегетација, го нарекувале романтичните венецијанци. Во новата окупација на островот, трагите на тој романтизам беа наполно исчезнати.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
За да соберат што повеќе наши момчиња, српските окупациони власти одеа дури дотаму што ги фалсификуваа црковните и општинските книги, од помлади момчиња ги правеа постари, ги собираа и ги испраќаа во шумадинските градови.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Високопреосвештениот заслужува секаква почест”. Високопреосвештениот беше митрополитот Хрисостом, епископот на Закинтос кој се враќаше од интернацијата во Атина на која, пред речиси девет месеци, присилно го испратија италијанските окупациони власти.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Окупационите власти кого поскоро да го задоволат?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)