Дојде момент за мојата омилена тема - мачката, и штом се реализира сѐ така по ред и малото тробојно топче ми заспа во рацете, кивнувајќи неколку пати и притоа испуштајќи по некое кломбурче млекце низ носето од првиот оброк со локање, јас се вдадов нашироко да распредувам.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Писателот во овој роман за македонската легенда, го проследува детството и младоста, школувањето и вклучувањето во организираната борба на македонскиот народ за изборување на сопствените национални и социјални права и слободи, за создавање на своја сопствена држава, сѐ до трагичната погибија.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Татко внимателно го слушаше Камилски, кој навлегуваше и преку неговата омилена тема за империите на Балканот: Со падот на Византиската Империја во 1469 година, се свртува нова страница и во историјата на гастрономијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Новите освојувачи на Балканот, Османлиите ќе го наложат новото тројство: шеќер- ориз- путер, од кои првиот и последниот елемент влегуваат во составот на баклавата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во него авторот и се враќа на својата омилена тема, македонската национална историја, односно на еден од најголемите нејзини непокорни синови Гоце Делчев.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Никој не сакаше да се закачка со полковник на Стојановата гарда, па во секретаријатот Бојана беше примена како нужно зло и омилена тема за озборување.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Слушајќи ја неговата беседа, с повеќе ми стануваше јасно дека Татко, од сиџилите, се префрла на својата не помалку омилена тема, на историјата, на неговиот незавршен проект за историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)