Ингеренции а) на веќе постоечките области за кои органот на државната управа надлежен за работите од областа на инспекцијата на трудот врши надзор и контрола, беа додадени и договорите со кој е определен надоместок за извршената работа во износ повисок од износот на минимална плата утврдена со закон,36 согласно чл. 252 од ЗРО (чл. 8 од ЗИДЗРО/јул.14); б) одредени промени претрпеа и овластувањата на инспекторот за труд при утврдена повреда на закон, колективен договор, договор за вработување или друг пропис, со што сега тој е должен да состави записник за утврдената неправилност и да го задолжи работодавачот во рок од 8 дена истата да ја отстрани и воедно ќе му врачи покана за едукација, која ја организира и спроведува Државниот инспекторат за труд во рок не подолг од 8 дена од денот на спроведениот инспекциски надзор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)