На овој начин, графиката на староерменското писмо претставува продукт на слободно творештво на нејзиниот создавач и не е резултат на историска девијација или на графичка репродукција на некој определен систем на писмо- Маргина 37 95 прототип.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во тој процес на графичко творење, Месроп Маштоц може да се користи со оние графички примери, кои му се достапни, а тоа се: пехлевискиот, сирискиот, етиопскиот, грчкиот и низа други системи на писмо, чија што графика покажува сличности со знаците на староерменскиот алфабет.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
За такви утврдувања, неопходно е разгледување на посуштествените внатрешни карактеристики на системот на писмо, што би послужило како основа за претпоставување на зависноста на определен систем на писмо од определен извор.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ваквото изведување на цел систем на писмо од одделен извор само врз основа на сличностите и разликите во нацртот на поедините графеми не е методолошки оправдано; графичката сличност на одделни знаци во различни системи на писма не говори ништо во прилог на утврдувањето на генезата на овој или оној извор на системот на писмо.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)