Настојуваше да го разбере неговиот гест, не само како индивидуален чин на храброст туку да ја согледа неговата генеза во еден поширок човечки и општествен контекст.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Целта на манифестацијата била да се соочат општествениот контекст на бившиот Советски Сојуз и бивша Југославија.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Бендоу признава дека за малолетниците дрогата можат да ја купуваат возрасните, но смета дека е малку веројатно тоа и да го прават. 72
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Сепак, за го разгледаме вистинскиот општествен контекст на употребата на крекот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Примерот на Шведска не значи дека криминализацијата не создава проблеми, туку дека поголемиот број од тие проблеми - како и проблемите кои произлегуваат од легализацијата
- зависат од општествениот контекст.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Овде не станува збор за никаква фиктивна земја, во прашање е Шведска.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
За да се вратиме на она што егото е, на вистинската стварност на која ⥊ е најблиско, мораме да го повратиме од состојбата на растуреност, обезличеност, апстракција, опредметеност, поствареност и така повторно пристигнуваме до тебе и до мене, до начините или стиловите на кои стапуваме во контакт едни со други во општествениот контекст.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
На едно такво воведување во машката геј-култура ќе морале веќе да биле подложени не само лицето кое го напишало известувањено што си го најдов во шкафчено туку и оние што, како мене, си ги отвораа шкафчињата и го читаа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сакам да ја дистанцирам од нејзиното старинско, исклучиво, елитистичко значење и да ја употребам во описна, квазиантрополошка и, пред сѐ, прагматична смисла – најнепосредно, како ознака за севкупноста на генеричките практики што го поврзуваат општествениот живот со дискурзивните облици и бихејвиоралните конвенции,157 а со тоа и ги дефинираат, во различни општествени контексти, особените хоризонти на очекување во врска со говорот и со личната интеракција.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој провалува во самодоволниот свет на страсната желба и ја прекинува нејзината неиронична восредиштеност кон едното – нејзиното систематско исклучување на спротивставените вредности, нејзината несвесност за нејзиниот поширок општествен контекст, нејзината опсесивна сосредоточеност на посакуваното и нејзиното одбивање на спротивните гледишта.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кампот, како што видовме, е внатрешна практика на една дијалектика во машката геј-култура која се врти околу низа спротивности меѓу романтиката и разочараноста, сериозноста и несериозноста, автентичноста и неавтентичноста – меѓу неироничниот набој на машката геј-желба за машка убавина и ироничното спласнување на тој набој.
Кампот ѝ припаѓа на една страна од тоа двојство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Со други зборови, членарината за користење на мојана сала беше скапа, но не беше толку скапа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој е противотровот за романтиката.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Културните разлики се огледуваат конкретно и прагматично во конвенциите на говорот и однесувањето што ги раководат личните интеракции во посебни општествени контексти.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За да можеше таа алузија на Аида да им значи нешто на своите читатели, во тој свој општествен контекст, многумина припадници на локалната геј-заедница ќе морале да се имале здобиено со значителна претходна културна наобразба.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кампот е потсетник за извештаченоста на емоцијата, за автентичноста како изведба.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Членовите на мојана тогашна вежбалница не може, сѐ на сѐ, да се опишат како крајно култивиран свет – како луѓе од кои нужно би се очекувало да ги знаат уметностите воопшто, а поконкретно класичната музика, а камоли да ги знаат изворно на италијански сите либрета на Вердиевите опери.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Или, попрво, прагматичните обѕири што ја исцртуваат, во одреден општествен контекст, разликата помеѓу тоа што се смета за нормална интеракција и она што се смета за бизарна, вознемирувачка или навредлива интеракција создаваат структурни правилности во дискурзивната практика кои претставуваат конвенции – а во крајна линија и цели жанрови – на говор.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)