Во таа колку идилична толку и трогателно наивна слика на конечното оздравување на хрватското општество во која одеднаш просветените политички екстремисти покајнички паѓаат на колена пред симболичкиот претставник на златната општествена средина - во популистичката верзија на Готовац, пред народот, а во елитистичката на Кравар, пред “неутралниот граѓанин” - на виделина излегува темелното недоразбирање врз кое Кравар ја гради својата визија за хрватското општество.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Отворената, повеќекултурна општествена средина, во којашто под паролата на „слободниот проток на луѓе, стока и услуги“ побргу или побавно се преобразуваат сите села на овој свет, детериторијализирано мешање на традиции, коишто е тешко да се стиснат на едната или другата страна на границата меѓу јавното и приватното, само до пароксизам ги степенува тешкотиите со идентитетот, разбран како во себе стуткана самобитност, на која што не ѝ е потребен друг за да постои и самата себе добро да се разбере.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Најмалку, во новата општествена средина тој ќе се чувствува не на своето место.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Императивот на дијалогот, што се наметнува во повеќекултурната средина, бара повеќе од само рамнодушно допуштање на другиот - бара негово активно признавање.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Возможно ли е воопшто денес да се разбере културата поинаку отколку како крстосница на разлики, размени и препластување на разнородното? okno.mk | Margina #32-33 [1996] 84
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)