Општинскиот писар уште ја стружеше виолината. Ми се стори дека тоа свирење не е така лошо како што беше порано.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Во отворениот прозорец на општинскиот писар се мачеше крцкаво липање на виолина. Се поткренав на прсти и ѕирнав.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Млитавиот и сив општински писар трипати дневно ги ласкаше жолтите чевли, ги дуваше напудрените образи и уживаше во својата државна служба со каква во улицата можеа само тројца да се пофалат - тој, кусогледиот инспектор со несовитливи коленици и ќосавиот полн послужител во основното училиште „Вук Караџиќ“.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Зад нив се криеше исплашена од мракот збрчкан светец, жолт, пожолт од чевлите на општинскиот писар.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- А ако не е тој? го прашуваше неуверливо и расеано општинскиот писар; голема паларија на тркалестата глава величествено го разубавуваше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Измислувавме прекари за луѓето - општинскиот писар го крстивме Скандалија: некој од нас чул, за нашето ноќно викање рекол дека е скандал, мајка му на Бата Жаба, Бата - Жабурче, татка му - Бастум.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Во таа година дебелиот општински писар се ожени за црната бабица Евдокија.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)