Можеби сум веќе упаднат и бесповратно заглавен во него”, се роеја, особено во пустите вечери, најневозможни мисли во главата на доктор Цви Корец, што тој со напор се обидуваше да ги оттргне, впрегнувајќи ги сите рационални сили во тој мачен зафат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Триејќи го челото, се обидува да се сети дали некоја од сликите на апокалиптичниот кошмар што му се повторува, не е некоја од претставите што ги анализираше во својот докторат по ориентални студии и во кој се занимаваше со претставата на пеколот во Куранот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)