Овој обид на гемиџиите имал и една друга последица: за прв пат тие се откриле пред Револуционерната организација дека постојат како револуционерна конспиративна група која што планира да се бори против османската власт и веднаш ја добиле нејзината подршка во лицето на нејзиниот прв човек - Гоце Делчев.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Историјата на балканските ослободителни движења учи дека балканските народи (Срби, Грци, Бугари) успеале да се ослободат од османската власт во време на големи политички превирања во Европа во кои учествувала и Турција и со помош на големите сили, особено на Русија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тоа во Грција ги потсетувало на 1875-76-78 година, кога покорените словенски народи востанале против османската власт и кога за нив, главно, Европа се заангажирала да им ја поправи положбата преку наложување реформи на Турција.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)