Додека претходно претставниците на вработените добиваа лични известувања (покани), а заедно со поканата им беше доставувано и резиме на основната содржина на планот за реорганизација, со можност да им биде доставен и примерок од планот за реорганизација, доколку по- бараат (чл. 246, ЗС/97), сега претставниците на вработените ќе бидат известени за одржувањето на собранието преку негово јавно објавување во еден од три дневни весници со најголем тираж кои што се дистрибуираат на територијата на Република Македонија и преку истакнување на огласна табла во судот и кај должникот (чл. 228, ЗС/06).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Привлечноста на книгата е, се добива впечаток, во тоа што во разговорот меѓу двајцата синеасти има малку „директна” теорија, но затоа пак книгата изобилува со посебни ставови и согледувања кои, на прв поглед, се од „техничка природа” (како е снимена некоја сцена, зошто некоја секвенца е вака а не поинаку кадрирана итн.), но всушност често се разговара и темелно се промислува основната содржина на Хичкоковите дела (делови од оваа книга се и во Маргинава).
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Во желба да им ги приближи на слушателите основните содржини на спомнатиот Дневник, професорот Седларов без некои додатни објаснувања и коментари прочита и цели делови од записите на монахот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)