Гоце го заврши основното училиште во Кукуш и се запиша во кукушката гимназија. Кукушката гимназија беше трикласна.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
На крај градот Кукуш, веќе го чекаа неговите стари другари од основното училиште Коце и Тасе, кои веќе три години учеа гимназија во Солун.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Баба ми и дедо ми живееја во населбата Автокоманда кога јас одев во основно училиште.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Во уверување, кое го изнесува во предговорот на Трактатот, дека во суштина успеал да ги реши проблемите со кои тоа дело се занимава, Витгенштајн прекинува да работи на философијата извесен период, вработувајќи се како учител во основно училиште.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Покрај краткиот есеј со наслов „Некои забелешки за логичката форма”, кој се појавува во Дополнителните расправи на аристотеловското друштво во 1929 година, тоа било единственото филозофско дело кое Витгенштајн го објавил во текот на неговиот живот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
„Во американските забавишта и нижите одделенија на основните училишта” -пишува Хенри -”сведоци сме на трогателната капитулација на малите деца”.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Во едно одделение на лондонското основно училиште „со просечна возраст на децата од десет години, приреден е натпревар меѓу девојчињата.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Откако заврши основно училиште, брат му се запиша во средно градежно, а таму немале мандолински оркестар.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Тој ја наследи мандолината од брат му.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Тоа, впрочем, беше и мислењето на татко ми. Кога ја положивте матурата? Матурата ја положив делумно пред војната, пред да се јавам во војска дванаесетата, а делумно по осумнаесетата. Но, помеѓу основното училиште и првиот дел на матурата Вие... Епа учев од учебници, коишто можевте да ги купите било каде. Што работевте во тоа време? Бев момче за сè, курир, чирак, секаде...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
По основното училиште тој работи разни работи, сè до 1912-та, кога стапува во коњицата.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
За Бојан, кажи ми, кога ќе заврши основно училиште, јас ќе се грижам.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Да го заврши и последното одделение од основното училиште.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
А дали е ден или ноќ, познаваш по редоследот на тепањето: секој ден тепање, систематично, како по учебник, од дланките како во основно училиште со дренова прачка ама и со корнење на ноктите до табаните за кои никогаш не си помислувал дека преку нив ќе почуствуваш нешто освен умора, а не пак да ти се одлепува дебелата кожа како износен опинок.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Млитавиот и сив општински писар трипати дневно ги ласкаше жолтите чевли, ги дуваше напудрените образи и уживаше во својата државна служба со каква во улицата можеа само тројца да се пофалат - тој, кусогледиот инспектор со несовитливи коленици и ќосавиот полн послужител во основното училиште „Вук Караџиќ“.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Весникот „Елефтеротипија“, на 7 јули 1959 година вака напиша: „Во селото Каридја,16 во околијата Птолемаида, во дворот на основното училиште се собраа сите жители од селото и откако се одржа свечената богослужба, тие дадоа заклетва дека во иднина нема да зборуваат на словенски дијалект и тоа во секое место и во секое време.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Дво и трокатни куќи, градени со делкан камен, бели фасади, сите куќи поврзани со електрични и телефонски жици, бензинска пумпа, кафеани, аптека, улиците под асфалт, градинка, основно училиште и гимназија, многу патнички коли, трактори, комбајни.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Новото Габреш е мало гратче со основно училиште, гимназија, пошта, банка, нова црква, аптека, неколку кафеани, водовод, канализација, струја, асфалтирани улици, полициска станица.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ако селското население и сега си зборува како што си зборувало и понапред и зборува одред низ цела Македонија само на еден словенски јазик, – во градовите, редум со бугарските машки и женски гимназии и основни училишта; насекаде ќе најдеме и српски.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Моето организирано кино-доживување го паметам и по шлаканицата што ја добив од учителот по математика во основното училиште кој, за време на проекцијата, се проектираше во редар.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Но, денот си врвеше по старому и барабанџијата со својот оптегнат глас ја најави пак вечерната конференција на Народниот фронт,а на светлината од газиените лампи и вечерта сите селани продолжуваа да молчат и да чмурат со своите цигари во ќошковите на единствената поширока училница на основното училиште, како секоја вечер, ниеден од нив не велејќи НЕ.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
За оваа, третата, уште во основното училиште доби позитивна оценка од еминентни критичари.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Површно го знаеше Димитар, одеа во исто основно училиште.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Уште од основно училиште, Лена знаела за тајниот живот на својата мајка.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
По ослободувањето на Климент од Голи Оток, откако се нормализираа односите помеѓу Југославија и СССР, тој првин беше вработен како професор по француски јазик во едно основно училиште, а потоа беше унапреден како соработник во Државниот архив.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Сѐ што чинеше тој во тоа време, кога на Голи Оток не му го скршија рбетот и покрај сите маки на светот што ги доживеа, не му го скрши достоинството ниту првин во основното училиште каде беше вработен како наставник по француски јазик, за корка леб, ниту во Институтот за фолклор, ниту во Државниот архив.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Основно училиште завршил со одличен успех во родното селце, учел и истовремено во сите работи им помагал на сиромашките родители.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
По завршувањето на основното училиште Таки и Ленче ја даваат во познатата битолска Раденичка школа за девојки за домаќинство и шиење.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Завршив висока учителска школа во Скопје и сега работам во основното училиште „Вук Караџиќ“.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Баш пред некој ден читав во еден весник дека, замисли, во еден град кој се вика --- Македонија! --- во државата Алабама, отвориле ново основно училиште во најмодерен стил.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Од тој број во шестгодишното основно училиште се учат 881 карактер.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Татко му, по завршувањето на основното училиште во Долнец, го дал да учи во Б.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Како ученичка во основното училиште многу читав и пишував.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Била наставничка во основно училиште.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Тука најде книги што ги беше читала и во основното училиште и во гимназијата.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Многу години подоцна, во основното училиште, кога прв пат го учев францускиот јазик, Мајка ни го откри знаењето на овој јазик, кога требаше да направиме некој мал состав на француски јазик или да одговориме на прашањата од француската граматика.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Трајче и мајка му на Талета поминаа покрај основното училиште.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Основно училиште: Париз, 1783 година. Гимназија: Кити Хок, 1903 година.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
И јас кога учев во основното училиште, една година оценките ми беа послаби, на полугодието.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Тогаш, како ученик во шесто и седмо одделение во основното училиште „Владимир Илич Ленин“, се дружев со споменатиот Мики и уште двајца школски другари, Зоки и Тоше, со кои, речиси секое попладне во Центарот, меѓу и во зградите, си игравме „Илјадници“.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Тоа што веднаш и тревожно нѐ вознемируваше беше таа тотална отсеченост од светот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Перцето ја кинеше хартијата на ситни ленти и распрскуваше мастило насекаде по излогот и рекламата, која и покрај тоа и понатаму можеше да се чита.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
3. Една вечер шетав по булеварот Холивуд, без некоја одредена цел. Застанав пред излогот на една печатница.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Со помош на некој механизам едно перце висеше во воздухот и како што една ролна хартија, исто така со помош на механизам, поминуваше покрај него, така перцето ги правеше истите движења кои ги учев во третто одделение основно училиште при вежбите за убаво пишување. 182 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кога заврши основно училиште, го прескокна запишувањето во средно и истовремено се запиша на три факултети.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Тој е премногу паметно и силно дете. Вистински вундеркинд. Во основно училиште беше најдобар по математика, физика, хемија, физичко и музичко.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
- Ене го основното училиште во кое учев.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Основно училиште завршува во родното село, гимназија во Охрид, а учителска школа во Скопје.
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Со автобусот број 3 во осум часот заминаа до крајната постојка, кај основното училиште „Кочо Рацин“, оттаму влево по стрмната улица кон рекреативната патека - кон Средно Водно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Теми читаше прва: „Еве, писмо од Основното училиште Јордан Хаџи Консатнтинов Џинот од Велес - со радост ја прифаќаат соработката и нè известуваат:
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Колку основни училишта има во Скопје? А колку во Македонија? А „Колибри“ е само едно и еднаш неделно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Учениците од основните училишта и средношколскиот центар во Неготино успешно ја изведоа еколошката акција „Младите за здрава природна средина“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Секако, знам! Ова ни е втора година како ја поддржуваме акцијата на основните училишта во градот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Во Скопје со проектот се опфатени основните училишта „Лазо Трпковски“ и „Цветан Димов“ и по едно училиште во Битола, Куманово, Кочани, Тетово, Велес, Струмица и во селата Бршани и Велегошти.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Во Радовиш, и покрај лошите временски услови, учениците од основни училишта, од гимназијата и членовите на еколошкото друштво „Биос“ засадија зеленило во дворните места.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
И на крајот да ви се пофалам: нашата секција е прогласена за најдобра од сите основни училишта во градот, а во рамки на Еколошкото друштво „Дервен“.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Треба да нѐ радува дека на ниво на едно основно училиште разговара висок стручњак, универзитетски професор.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Филип зборуваше за писмото добиено од Куманово, од Основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ - Како најтежок проблем ги наведуваат дивите депонии.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Освен манифестации во кругот на основните училишта други еколошки акции засега нема.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Во Булкес Грците отворија голема земјоделска задруга, основно училиште и гимназија, имаат своја власт и свои пари, па дури и милиција, печатница во која печатат весници и книги и скоро сите кои беа борци на ЕЛАС таму учат да бидат политички комесари.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Единствено нешто што ме исполнуваше покрај децата на сестра ми тоа беше мојата работа како професор по француски јазик во основното училиште.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Мечето бил бедно дете. Одвај завршил основно училиште.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)