Бикот Чако рикаше се посилно и посилно, јастребот преплашен од паниката на Еразмо, почна да го колва со остриот клун по грбот и косата, не можејќи да се смири.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Препарираниот орел ме нишанеше со остриот клун а стаклените очи ме гледаа како да сум најситно врапче на светов.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Потпрен на камен, чекал тој звук да се спушти од височина и со удар на остар клун да му ги смири дамарите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Застанал крај ѕидот на урнатината - звукот на гајдата се склопчувал над него.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Соколот има бистро око, остар клун и сетило за мирис...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Во тенките, лилјаковомодри усни држат како жилет остар клун од црна коска, со кој често се парчосуваат и сечат еден со друг на делчиња, кога се тепаат околу муштериите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)