Ќе речете: Величествена гозба: Вдахновението Совршенството Смртта и Ти: Принесениот На Трпезата. зборовите Пеат и молитват Во мојот храм Зборовите што ги Оживувам. тоа што ќе пропее Тоа што ќе пропее И тоа што ќе полуди Тоа ќе да е мојот глас Тоа е ќе да сум јас? засек Остер нож. Убод. Рана.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Трепереа тенките усни на Велета, а од очите му искреше пламен, кој сечеше како остер нож.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
В плоден лес сив молчелив камен зреел вишнеел корен остер нож да чува за црнините.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Пак ќе почнам да се разбудувам како шум на вода, со остар нож во мозокот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Под брз зарез на остриот нож, месото се отвора како непознат цвет, крвта, секогаш иста и секогаш на ист начин, шуми, врело само во неговите ноздри.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Јас го сторив истото, иако се убедував дека како водач на неустрашива банда би морал сега да рипнам, да го грабнам остриот нож за месо од кујната и да ја одбранам Бреза од напаѓачот.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Се слушна топот на коњски нозе - од другата страна на полјанката се подраширија гранките на елките и боровите и од нив излегоа тројца коњаници вооружени до заби со пушки, пиштоли и остри ножеви.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Направи остар нож и пред да си легне го стави под перница. Сонуваше како некому се заканува.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Со него ги ништам сите мои непријатели – смирено одговори старецот, бришејќи го остриот нож од високата трева.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Старецот посегна до појасот, извади остар нож и со силни удари го пресече јазолот, заривајќи го ножот во змиското тело.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Едно нешто, сепак, не му беше јасно во целава работа: Како во појасот на старецот се најде остар нож?
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Фалангата немаше страв, како со остар нож, ги косеше туѓите војски!
„Еп на Александар Македонски“
од Радојка Трајанова
(2006)