Со такви мисли, тој ќе зачекори во Битола, во потрага по старите отомански списи кои се чини дека неколку векови се криеле токму во еден од битолските вакафи.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Татковата цел беа, сепак, битолските џамии, медресите, вакафите, таму каде што се претпоставуваше дека се кријат старите отомански списи.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Со сивата паларија со црн ширит што започна да ја носи уште за време студиите во Цариград кај блиските по мајчина линија уште во дваесеттите години на веков, а од која не се одвојуваше до крајот на животот, со црната службеничка чанта преполна со книги, стари отомански списи, остануваше некако настрана од овие луѓе, забрзани во животот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)