Додека, пак, стварната [каузална] легитимација (legitimatio ad causam) претставува материјално-правна врска помеѓу предметот на парницата и лицата кои во тужбата се означени како парнични странки, т.е. вистински правен однос на странките спрема предметот на спорот во точно одредена парница или „способност да се биде странка in concreto“ и, за разлика од процесната легитимација, таа не е процесна претпоставка туку е прашање на меритумот на спорот ([не]основаноста на тужбеното барање) и за неа судот не води грижа по службена должност, туку само по укажување на странките кои треба и да ја докажат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тука уште би сакале да напоменеме дека, веднаш на почетокот од секое интервју – под самиот наслов (кој објаснува кои се парничните странки т.е. кој работник против кој работодавач го во- дел спорот) и под поднасловот (кадешто сосем кратко е даден предметот на спорот т.е. за што тој се водел) – се дадени латински цитати [во оригинал и во превод] на познати римски правни максими кој имаат контекст токму со конкретниот спор, а коишто поради својата вистинитост и безвременска релевантност имаат огромна вредност како „авторитативни правни стандарди“ и сѐ уште, до наши дни, во неизменета форма важат во речиси сите 14 правни системи во светот – како основни принципи или како законски регулирани фундаментални правни начела.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако според законот или поради природата на правниот однос, спорот може да се реши на еднаков начин спрема сите сопарничари [единствени сопарничари], тие се сметаат како една парнична странка – така што, во случај ако одделни сопарничари пропуштат некое парнич- но дејствие, дејството на парничните дејствија што ги извршиле други сопарничари се протега и на оние што не ги презеле тие дејствија (чл. 191, ЗПП). 137 3. Во текот на подготвувањето на главната расправа – до пр- вото рочиште за главна расправа или пак вон рочиште т.е. меѓу две рочишта – претседателот на советот или судијата поединец е овластен, меѓу другото, да одлучува и за спојувањето на постапки или за нивното раздвојување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Секој сопарничар во парницата е самостојна странка и неговите дејствија или пропуштања не им користат, ниту им штетат на другите сопарничари; секој сопарничар има право да поднесува предлози што се однесуваат на текот на парницата (чл. 190 и чл. 193, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со други зборови, тоа е однос на странките во парницата спрема нејзиниот предмет на расправање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако синдикатот престане да дејствува со неговиот имот се постапува на начин и под услови коишто се пропишани со статутот (чл. 194, ЗРО). 4. Во случајов станува збор за т.н. постулациона способност – тоа е капацитетот на парнично-способната странка во постапката пред судот сама да ги презема процесните дејствија, во правно-релевантна изразна форма, без посредство на други лица.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А, пак, странка во постапка може да биде секое физичко и правно лице – а, освен нив, со посебни прописи се определува кој друг може да биде парнична странка (чл. 70, ст. 1-2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)