Ова навистина се битни прашања кои заслужуваат сериозно внимание и за кои е неопходно, во блиска иднина, заедно со работниците и нивните синдикални „ќелии“, здруженија или неформални групи да поработиме на т.н. синдикално образование, односно на работничка трудовоправна едукација преку разни форми кои ќе ги оцениме како погодни (перманентни предавања, серија трибини, периодични семинари, кампови, школи; како и преку книги, брошури, флаери, списанија и сл.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Исто така, голем дел од нив воопшто не знаеја дека исплатата на испратнината, при прогласувањето за технолошки вишок, е обврска на работодавачот, а не на државата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На пример, најголем број од работниците воопшто не знаеја дека, во случај да останат без работа, може да им следува паричен на- доместок, по основ на привремена невработеност, којшто го зе- маат преку АВРМ – но кој не им го дава државата како некаква милостина, туку затоа што тие самите, од своите плати, додека биле вработени одвојувале за него.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)