Но за потребите на дворот и високите достоинственици ќе се увезува оригиналниот кинески порцелан, којшто денес може да се види изложен во просториите на некогашната царска кујна на дворецот Топкапи сарај во Цариград.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски оваа потрага по тајните на порцеланот во Кина и во Европа ја вршеше за да ја спореди со неговата судбина во Османската Империја, во којашто под името чини (ini) ќе се подразбере домашната керамика, со центар во Изник, каде што во голема мера ќе се користи кинеското и персиското искуство во подрачјето на грнчаријата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)