Тоа е воедно и периодот на епохата на Танзиматот (почнувајќи од 1839 година) кога во доменот на турската литература се настојува авторите да се ослободат од преголемата зависност на персиската и од арапската книжевност.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За од старото Отоманско царство, коешто се гордееше со тоа дека се состои од 72 „зрна просо” (народи, нации во пред- националистичката смисла на тој поим) да се искова нов граѓански идентитет, Ататурк својата нација мораше да ја доведе во спротивност со персиското и арапското наследство коешто доминираше со културниот живот на Отоманското царство.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Но сега Татко, неочекувано за Камилски, продолжи: Покрај персиските и арапските зборови коишто Османската Империја ги распространи низ Балканот како претставник на источната цивилизација, треба да се истакне и местото на лексичките елементи од грчко и од латинско потекло ширени од Турците како наследници на византиската цивилизација.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)