- Погледнете ја убаво пешачкава патека! Овде почина мајка ми. Си одеше, одеше... и одеднаш – туп! – падна. Срцев удар.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Човекот ме пресретнува во улицата на дивите костени, со извинувачка насмевка ми го подава решението за престанок на работниот однос, потоа заминува, претпазливо преку пешачката патека, на другата страна од улицата.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)