повреден (прид.) - суета (имн.)

Сето тоа беше заради неговата повредена суета, го знаеше тоа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Навистина неговиот плач беше изблик на една многу подлабока болка што не треба да се врзува дури ни со љубовта; тој крик беше објава на еден крај; на свршеток кој сам по себе беше премногу грд. Затоа и го отфрлив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не, јас навистина тврдам дека неговата несреќа воопшто не беше крик на повредена суета. (Мислам дека и премногу се манипулира со суетноста на уметниците и со горчините што нејзиното неконтролирано разлевање ги создава).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Можеби тоа беше утеха која го редуцираше целиот свет, го сведе на една точка; можеби тоа беше психолошки механизам со кој мојата машка повредена суета се бранеше од реалноста; но можеби таа опсесија беше, и тоа сега првпат отворено ќе го кажам – остаток од некој мој претходен живот, од некоја моја претходна инкарнација.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)