Сите тие треба да се одвиваат под истиот покрив.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во идеален случај, треба да ги имаш сите тие компоненти заедно – или воопшто да ги немаш. (Ова е тоа што Ворнер го нарекува „тотализирачка склоност“ на хетеронормативноста).465
Со овој единствен облик на живеење се поврзани моделите на припадност во соодветна заедница, на јавниот говор и на себепретставувањето, на политичкото учество, слободата, семејниот живот, класниот идентитет, образованието, потрошувачката и желбата, општествената пројавност, расната и националната мечта, здравјето и телесното држење, довербата и вистината.466 Сите тие се поврзани со хетеросексуалноста како сексуална практика и преференција.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Интимноста, љубовта, пријателството, солидарноста, сексот, репродукцијата, одгледувањето деца, поколениското наследување, грижата, меѓусебната поддршка, заедничкиот животен простор, заедничките финансии, сопственоста на имотот и приватниот живот одат заедно и не треба да се делат на различни врски или поинаку да се раситнуваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Исто како што можеш да учествуваш во геј-културата без да бидеш хомосексуалец, така можеш да учествуваш во хетеронормативноста без да бидеш стрејт.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тие комбинираат и претставуваат единствен, уникатно вреден и горе-долу задолжителен општествен облик.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)