Ех, тие комшии, си мисли К* поттикнат од повторниот тропот на чинии, колку само храна фрлаат бескорисно, онака без врска, парчиња салама, дури и понекое мевце, наместо тоа да ми го дадат мене, си мисли К* и чувствува, целото негово крзнесто тело се тресе во грозницата на негодувањето.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)