поголем (прид.) - растојание (имн.)

Ја следеше како оди кон реката правејќи сѐ поголемо растојание од неа. Се трудеше да сфати што се случува.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мачката ѝ беше на поголемо растојание па откако пак изврти со по едно око на сите страни околу себе, пак погледна во мачката па во гранката под неа и брзо слезе на гранката под себе, ѝ се приближи на мачката и во тој момент мачката се собра назад и се фрли нагоре кон страчката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Поголемото растојание го правеше поголем, посилен, позначаен и погорд.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)