Имаше кучешка муцка која се обидуваше да се насмее, но никогаш не го правеше тоа, задржувајќи ги кисело развлечените усни како оптегнат ластик подготвен во секој миг да се ослободи од стрелата свртена кон оној што беше пред него.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Кога лутината што нѐ обзема е света, покажуваме дека сме подготвени в миг да го голтнеме повикувањето на толеранција и во другиот да го исплукаме она во што навистина сме загрозени.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Едноставно, ја држат публиката постојано будна, односно подготвена во секое време да реагира на подадената порака.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
На свое лично ниво во однос на тоа секој е искусен; ако говориме за нивото на колективните идентитети, можеме да се сетиме дека во Европа, и не само кај нас, веќе подолго време, а особено по падот на Берлинскиот ѕид, течат толерантни кампањи.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тогаш прибеснуваат на видело страстите, коишто очигледно неуспешно сме се обидувале да ги урочиме со благозвучни зборови.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)