Тој подземен пат сѐ уште никој не го нашол.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Остана сказната за длабочината на бездното, за лавиринтот, подземниот пат низ кои, во дамни времиња, опседнатите на Калето полнеле вода или, низ него, некаде исчезнувале.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Фантома, подземни патишта! Писма со мртовечки глави до Баждара, Пенча, Бата, агентот.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Првото што се пренесе беше тоа дека бикот, носен од својата болка, го пронашол тунелот, лавиринтот низ кој во дамнина опседнатите на Калето полнеле вода од реката или по долги опсади низ тој подземен пат некаде исчезнувале.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)