Речник на помалку познати зборови и изрази
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Стоеше нешто срамно зад него, тој го усеќаше како мртовечка рака на рамена, а можеше се да стане одеднаш поинаку, со еден познат збор, со едно обично помислување, дури уште ова не е поминато.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Но, и покрај сето тоа, како отворена канџа го гледаше палецот и показалецот и смрштеното лице на Никодин, од чија уста како оган излегуваа познатите зборовите: „Гркланот со два прста ќе ви го извадам на двете само ако...“ не ни настојуваше да ја заврши реченицата, зашто и Светлана, и Рада, ја знаеја веќе на памет.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Торонто, фебруари-Брисел, април, 1989 РЕЧНИК На помалку познатите зборови дадени по азбучен ред АГАЛЈОСА- намали.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
А потоа, и сега, како и тогаш, си ги промрморе познатите зборови на својата осаменичка молитва, се потсети на нив како што секогаш го тераше Тимотеј да се потсетува и себеси и другите: „Ако сме умреле со Христос, со Него и ќе живееме.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Благодариме!... и натаму ќе те пресретнуваат познатите зборови или ехото на истргнатото ...најважна е неизвесноста вели тато пази ја светлината на првата страница колку бавен ни се чини и долг почеток на нејзниот од но книгата веќе ја отворивме и ти патуваш сине излези од бањата не свлекувај ги тревожно измокрените гаќички туку појди по блесокот прескокни ја корицата- ограда остави ја оваа страна мене домот мртвите сестри и браќа онаму е поезијата ќорлестото маче со рахитични предни нозе ќе биде твојот водич токму тоа мачето кенгур ќе те изведе низ светот на прекршените огледала и зборот осамен што толку патетично ти звучи сега таму ќе биде највистинското задоволство ќе му припаѓа само на твојот сон ќе се гнезди само во твојот занес трагај... тигарот или полезноста на проекцијата на законите на џунглата врз собната атмосфера ...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Како што чекореше тапо по чардакот, туку наеднаш му дојдоа едни познати зборови во умот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- За арно или за лошо? - Лошото нека е по волците! - одговори Бојан со толку познатите зборови на својот дедо Димо.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ги гледав како се радуваат на смртта, на умирањето, на излеаната црвена крв.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се сеќавав во тие мигови на случајот на Мигел Унамуно, славниот ректор од Саламанка, кога на една слава во времето на фашизмот, на хистеричните повици на Франковите војници да живее смртта, со нему својствена храброст ќе истапи со познатите зборови дека има мигови кога молчењето може да биде лага, спротивставувајќи се на извиците за смртта со повиците за живот, во неговата осуда на фашизмот и франкизмот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)