Прво, да се справиме на брзина со една жалосна грешка што се однесува на Gödel-овата позната теорема за некомплетноста. Rychlack се повикува директно на Gödel (1991, стр.120-123), но на вообичаен начин погрешно ја разбира оваа теорема. Gödel покажува дека, во синтаксата на било кој разумно експресивен аксиоматски систем, формулата може да биде напишана како вистинита, но недокажлива во рамките на тој систем. Rychlack изведува многу посилен резултат од Gödel, дека човекот размислувач може нужно да види дека таа формула е вистинита. Gödel не кажува ништо за човечката интелигенција, и овој чекор повеќе се следи само кога некој претпоставува дека „човекот размислувач” може да види дека сите вистини се вистинити, што е премногу смела претпоставка.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Математичките претпоставки обично настануваат од претходно познати теореми.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)