„… дури и во состојбите кои се оддалечени од стварноста на надворешниот свет како што се халуцинантните конфузни состојби, се сознава од пациентите, кога тие ќе се опорават, дека во тоа време во некое катче од нивниот дух, како што тие тоа го изразуваат, била скриена нормална личност која, како некој рамнодушен набљудувач, набљудувала како тече болеста.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И, само по два муабета и една кратка средба, сонот за една поинаква стварност му се претвори во јава која боли.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Тоа е поинаква стварност, којашто ја заменува вистинитата.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Кај некои луѓе Јас е кревка супстанција нагризната од киселината на постоењето, и таму каде што нагризувањето е најсилно, се отвора една поинаква стварност. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Нејзината особеност е и тоа што можат повеќе луѓе одеднаш да доживуваат иста поинаква стварност.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)