Тоа е некоја посебна доба во која грдоста и убавината се искинати и измешани, потоа врзани како алки на синџир, доба кога на човекот, стиснат во лушпа на треска, му е сеедно дали е во окното на сонот или на јавето, или најпосле, лежи помеѓу нив како меѓа на која 'рти од коренот на минатото една сегашност, секако поинаква отколку што тој можел да ја замисли.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ноќта е долга,есенска, за еднниот студена, за другиот и студена и вечна, во неа човекот може да се открие поинаков отколку што мислел дека е од првиот час на узнавањето до пред умирањето, наеднаш, на чекор од скончувањето, да најде во себе нејзино суштество што живеело некогаш или што ќе живее еднаш во иднината на времето и изменетите пространства.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Несфатливо нечујна, наеднаш поинаква отколку што можело да се замисли, клекнала до него и му ги забуцала прстите в коса.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Следел со замаглени очи: преку нејзината румена снага минувало во бранови некакво предизвикување на жена што за одмазда има своја одмазда.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пред да можеме да му помогнеме, без нишање, со тежина на соборено стебло, Борис Калпак се урна преку софрата и остана со распарчено лице и без движење.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тогаш со писок дотрча жената на домаќинот, поинаква отколку што ја знаев, посува, побела, понепозната со расплетените коси во кои, клекнувајќи пред еден од Турците, ги забуца прстите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеби така шумоли ракијата во ловците, ги грее, ги распалува и им го претставува светот поинаков отколку што го виделе и што го знаеле.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Поинакви, а сепак исти. Татко ти беше убав, а сѐ меѓу нас се случуваше во шталата на соседите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Имав видено во нашиот двор како петлите се качуваат на кокошките, кај соседите имав видено како се објагнува овца, но во човечкиот живот многу нешта се поинакви отколку кај птиците и животните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)